Новак Ѓоковиќ загуби прв пат во 2013, по серијата од 22 победи, бидејќи подобар од него беше Хуан Мартин дел Потро. Српскиот тенисер е поразен во три сета 4:6, 6:4, 6:4, но беше премногу разочаран со поразот.
-Во ред е тоа се случува во спортот. Едноставно, не успеав овој пат. Не заслужив да победам денес – изјави првиот рекет на светот.
Ѓоковиќ натпреварот го заврши со 35 директно освоени поени и 40 грешки, а Дел Потро имаше 25 освоени поени и 34 грешки.
-Кога и да имав можност, во вториот и третиот сет, јас ги пропуштив со грешки. Лошо се движев, му честитам на противникот – изјави Ѓоковиќ.
Тој не успеа да се пласира по четврти пат во финалето на Индијан Велс, каде што во 2008 и 2011 година ги усвои титулите.
-Дел Потро е голем борец, а мене ми недостасуваше концентрација. Ја заслужи победата, бидејќи во важните моменти беше повнимателен. Јас направив многу греши и воопшто не го користев бекендот, кој е клучен во мојата игра – изјави тој.
Аргентинецот Дел Потро во финалето ќе се бори против Шпанецот Рафаел Надал, кој титулата во Индијан Велс ја освои во 2007 и 2009 година, а во меѓусебните дуели води со 7:3.
Елена Георгиевска