Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да го игра претстојниот Мастерс турнир во Мајами, но најави дека веќе следната година ќе се врати на местото каде што освои шест пехари.

„Чао, Мајами! За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од мојата кариера, морам да ги балансирам личниот и професионалниот живот. Жал ми е што нема да играм пред некои од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам да се натпреварувам во Мајами во иднина“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Доколку нема нови промени во календарот на Ѓоковиќ, неговиот прв следен турнир треба да биде Мастерсот во Монте Карло, кој започнува на 7 април, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер