Ѓоковиќ лесно преку Маер во Монтреал

Од:

Најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ без многу проблеми успеа да го совлада Германецот Флоријан Маер во 2.коло на „Роџерс купот“ во Монтреал. Ѓоковиќ на противникот му препушти само три гема – 6:2 и 6:1 во сетови, во меч што траеше 55 минути.

На стартот на турнирот непријатно изненадени – елиминирани беа: Жил Симон, Џон Изнер, Кевин Андерсон и Григор Димитров.

Од елиминација се спасија Јиржи Јанович, кој со пресврт (од 0:1 до 2:1) го победи Жулиен Бенето, а на ист начин и Фабио Фоњини славеше против Маркос Багдатис. 

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ