Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија, бара отштета од 3,8 милиони евра

Од:

Новак Ѓоковиќ кој беше деопртиран непосредно пред почетокот на првиот годинашен тениски грен-слем поради укинувањето на визата, а поврзано со неговиот вакцинален статус за Ковид-19 планира да ја тужи Австралија тврди британскиот „Сан“.

Повикувајќи се на добро информирани извори, блиски до тенисерот, Ѓоковиќ ќе бара отштета од 3,8 милиони евра. Оонова за тужбата би требало да биде лошиот третман на Ѓоковиќ, но и загубените финасии од настапот на турнирот и од спонзорски договори како и поради нарушен имиџ.

Ѓоковиќ мораше да ја напушти Австралија откако судот ја отфрли неговата жалба за укинувањето на визата кое беше одлука на минситерот за имиграции. Српскиот тенисер не е вакциниран против ковид, но првично доби потврда за медицинско изземање од задолжителната вкацинација поради тоа што приложил потврда дека бил позитивен на коронавирусот во средината од декември.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер