Ѓоковиќ ќе игра фудбал со Зико, Кафу и Бебето

Од:

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ не планира да земе одмор по освојување на титулата на завршниот мастерс турнир во Лондон.

Србинот веќе има испланирано извесно време да мине во Рио де Жанеиро, каде ќе игра егзибиционен натпревар со Густаво Куертен и фудбал со бразилските легенди.

„Од претходно имам договор да бидам специјален гостин на ревијалниот натпревар против Густаво Куертен. Овој меч ќе се игра во Рио де Жанеиро, а подоцна ќе настапам и на фудбалскиот натпревар со легендите на „кариоките“, Зико, Кафу и Бебето. Тоа е настан што со нетрпение го очекувам, бидејќи сум голем фудбалски фан. Не се снаоѓам најдобро со топка во нозете, но во секој случај ќе ми биде чест да се најдам на теренот заедно со легендите на бразилскиот национален тим“, изјави Новак.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех