Ѓоковиќ со победата над Кецмановиќ до осминафиналето на Вимблдон

Од:

Првиот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со феноменален меч го совлада Миомир Кечмановиќ со 3:0 (6:0, 6:3, 6:4).

Со тоа Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на турнирот, кој во кариерата го освојуваше седум пати. Во следниот меч Ѓоковиќ ќе се сретне со Тим ван Ријтовен од Холандија.

Не се памети дека Новак одиграл толку добар сет, како што беше во првиот од овој меч. За само 24 минути го исчисти својот сонародник од познатата трева на Вимблдон.

Од самиот почеток, Кецмановиќ делуваше стегнато поради притисокот од играњето на централниот терен, но многу брзо стана јасно дека се е производ на извонредната игра на Ѓоковиќ.

По само 24 минути беше решен првиот сет, а во вториот Кецмановиќ сепак почна да игра нешто поопуштено и значително подобро.

По истиот рецепт, Новак продолжи да го меле и во третиот сет и набрзина оствари две брејк топки и водство од 5:2.

Тој сервираше за мечот, но неговиот сонародник го изненади и направи брејк, а потоа сервираше за 5:4.

Но, Кецмановиќ не можеше повеќе од тоа и Ѓоковиќ многу рутински го доби натпреварот за пласман во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога