Светскиот тениски рекет број 1, Србинот Новаќ Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред своите конкуренти на најновата АТП листа објавена денеска.
По победата на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ има вкупно 12.900 бодови или 4.230 повеќе во однос на Рожер Федерер кој од третото се искачи на второто место.
Со пад од една позиција е Енди Мареј (В.Британија) кој има само 10 бода помалку од Федерер.
Од четвртото до 10.место се наоѓаат: Давид Ферер (Шпанија), Рафаел Надал (Шпанија), Томаш Бердих (Чешка), Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Жо-Филфред Цонга (Франција), Ришар Гаске (Франција) и Јанко Типсаревиќ (Србија).