Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вториот полуфиналист на Отвореното првенство во Австралија кое се одржува во Мелбурн.
Првиот светски рекет патот кон одбраната на шампионската титула го продолжи со победата над Томаш Бердих (Чешка) во четвртфиналето од првиот Грен Слем годинава.
Резултатот на мечот кој заврши предмалку и траеше околу три часа беше 6:1, 4:6, 6:1 и 6:4.
Со оваа победа, Србинот во меѓусебните дуели со Бердих води со 12:1.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со шпанскиот тенисер Давид Ферер.