Ѓоковиќ избегна дисквалификација

Од:

Првиот носител Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, каде противник ќе му биде еден од најталентираните светски играчи Австриецот Доминик Тим. Ѓоковиќ во четвртфиналето славеше над Томаш Бердих, а Тим во полуфиналето се пласира по дуелот со Давид Гофан.

Новак Ѓоковиќ, против Бердих го одигра најдобриот меч во досегашниот дел од турнирот, со мали осцилации во играта славеше 6-3, 7-5, 6-3. Српскиот тенисер ја забележа 24 победа во 26 соочување со чешкиот тенисер.

Инаку, Ѓоковиќ можеше да биде дисквалификуван, поради една помалку бизарна ситуација. Во вториот сет Србинот лошо одигра на брејк топка, го фрли рекетот надевајќи се дека тој ќе му се врати во раката, но рекетот полета кон еден од линиските судии, но не го удри.

Според правилата доколку рекетот завршеше во судијата на Србинот ќе му следуваше дисквалификација, вака се извлече само со опомена.

Доминик Тим, со елиминацијата на Давид Гофан во четири сета 4-6, 7-6, 6-4, 6-1, го оствари најдобриот резултат во кариерата. 22-годишниот Австриец од понеделник ќе биде седми на АТП листата.

Ѓоковиќ и Тим досега имаат одиграно два меча и на двата победил најдобриот светски тенисер.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен