Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

Од:

Како прво, Горан е мој и пријател на моето семејство за цел живот. По шест години пишување историја, се заситивме, решивме да ја прекинеме соработката, но се уште не знам кој ќе го замени, изјави најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ден по разделбата со тренерот Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ вечерва присуствуваше на премиерата на филмот „Легенда“ за Никола Пилиќ, во чија тренерска академија во Минхен помина важен дел од својата кариера.

„Позитивно се разделивме, дојде до точка на заситеност, по шест години пишување историја, освоивме бројни титули, поминавме низ суровата мрежа на депортација, дисквалификација, доста непријатно, но тој секогаш беше тука за мене и имаше човечки став кон мене“, им посочи Ѓоковиќ на новинарите во Белград.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер