Ѓоковиќ има чист пат до полуфиналето на Вимблдон

Од:

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, мина најдобро на денешната ждрепка во Лондон во пресрет на почетокот на Грен слем турнирот Вимблдон. Српскиот тенисер има чист пат се до полуфиналето.

Проектирано четвртфинале на Вимблдон е она помеѓу Мареј и Надал, а победникот во полуфиналето би играл против Федерер (доколку Швајцарецот стигна до оваа фаза).

Доколку се се одвива според планот, Ѓоковиќ во полуфиналето би играл против Давид Ферер, кој на Виблдон е поставен за четврти носител.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Германецот Флоријан Мајер, кого минатата година го елиминира во четвртфиналето.

Федерер во првото коло ќе игра против Романецот Виктор Ханеску, противник на Надал на стартот ќе биде Стив Дарсис тенисер кој на Олимписките игри беше подобар од Томаш Бердих, додека миленикот на Британија, Енди Мареј, во првото коло ќе игра против Бенџамин Бекер.

Тенискиот Грен слем на терените на Вимблдон ќе започне в понеделник.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ