Ѓоковиќ и Зверев продолжуваат без проблеми во Индијан Велс

Од:

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ започна со победа во вториот круг од овогодинешното учество на турнирот од сериите „Мастерс 1000“ во Индијан Велс, откако се справи во два сета со квалификантот Бјорн Франтанџело (САД). Србинот победи со 7:6 (5), 6:2 за речиси 1 час и 30 минути на теренот. Во следната фаза, Ѓоковиќ ќе се сретне со Филип Колшрајбер кој го победи Ник Кириос – 6:4, 6:4.

Третиот, Александар Зверев, исто така, немаше проблем да стигне до третото коло, откако го совлада Мартин Клизан. Германецот го освои првиот сет со 6:3 и поведе во вториот со 2 0, кога неговиот противник се откажа. За место во четвртиот круг, Зверев ќе спори со својот сонародник Јан-Леонард Штруф.

Во меѓувреме, првиот што отпадна од топ 10 е Стефанос Циципас. Гркот допушти помалку неочекуван пораз од Канаѓанецот Феликс-Оже Алиасим по 4:6, 2:6. Пораз допушти и Роберто Баутиста Агут – 6:7 (3), 4:6, од Јапонецот Јошихито Нишиока.

Од носителите отпаднаа и Марко Чекинато, Борна Чориќ и Николоз Басилашвили.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ