Ѓоковиќ и според заработката „ги разнесе“ Надал и Федерер!

Од:

Најдобриот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ по многу нешта ги надмина најголемите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер, а еден факт е малку познат.

Српскиот ас дефинитивно ќе ја има една од најдолгите кариери во индивидуалните спортови, а се уште не е завршен со победничките турнири.

И покрај тоа што многумина го отпишаа затоа што не освои ниту една титула во 2024 година, Новак се стреми кон рекордната 25. Грен слем титула.

Со секое ново учество тој го зголемува своето богатство стекнато на АТП турнејата, а сега се појавија шокантни бројки.

Имено, Новак е прв по заработка од турнирите. Според магазинот Форбс, Новак заработил неверојатни 185.065.269 долари.

Втор е Надал со 134.946.100, следен од Роџер со 130.594.339 долари, додека на четврто место е Енди Мареј со 64.687.542 долари.

Интересно е што магазинот ја креирал листата земајќи ја предвид инфлацијата од 2024 година:

1. Новак Ѓоковиќ 211.397.612 долари

2. Роџер Федерер 171.785.513

3. Рафаел Надал 162.526.751

4. Енди Мареј 79.527.410

5. Пит Сампрас 77.791.676

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер