Ѓоковиќ и Шевченко се добри пријатели

Од:

Андреј Шевченко на големо изненадување на сите се појави на трибините на Вимблдон во ложата наменета за семејството и пријателите на Новак Ѓоковиќ.

Украинецот го бодреше Новак на дуелите против Рејнолдс и Шарди и делуваше презадоволно од настапот на Србинот, кој пак откри дека Шева му е пријател со кого е во контакт неколку години.

„Се запознавме со Шевченко пред неколку години за време на завршниот турнир во Лондон. Тој ми пријде и побара да се фотографирам со неговите деца, така се запознавме. Нормално дека ми беше чест, јас имам многу високо мислење за Шева, за сето она што тој го има остварено во кариерата и многу ми е мило што сака тенис. Останавме во контакт, редовно се слушаме, а сега ја искористивме можноста за лично да се сретнеме по мечевите“ – изјави Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ