Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ рутински ја започна одбраната на тронот на Отвореното првенство на Австралија, совладувајќи го со 6-2, 6-4, 7-4 Пол Анри Матие.
Српскиот ас во второто коло на првиот гренслем турнир, кој стартуваше доцна синоќа, ќе ги одмери силите со Рајан Харисон. Ѓоковиќ се надева дека ќе влезе во историјата како првиот тенисер во Опен ерата, кој успеал да триумфира три пати по ред во Мелбурн.
Понатамошен пласман во машка конкуренција обезбедија и петтиот носител Томаш Бердих, како и 9. фаворит Николас Алмагро.
Кај дамите, Марија Шарапова ја демолираше сонародничката Олга Пучкова со 6-0, 6-0, а во сличен стил и Венус Вилијамс обезбеди пласман во второто коло, славејќи со 6-1, 6-0 над Галина Воскобоева. Во второто коло е и Агњешка Радванска, која годинава веќе има два освоени турнири.