Ѓоковиќ и Надал обезбедија пласман во осминафиналето на УС Опен

Од:

Без многу проблеми Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал изборија пласман во осминафиналето на УС Опен. Тие синоќа ги одиграа мечевите од 3.коло. Ѓоковиќ ја мина оваа пречка откако неговиот ривал Михаил Јужњи го предаде мечот поради повреда по шест одиграни гема (4:2 за Ѓоковиќ во првиот сет), а Надал го совлада Андреј Кузнецов со 3-0 во сетови препуштајќи му само седум гема на ривалот (6:1; 6:4 и 6:2). Турнирот заврши за победникот од 2014 година Марин Чилиќ, кој загуби со 3-0 во сетови од Џек Сок.

Кај мажите во осминафиналето се пласираа уште: Кајл Едмунд, Жо-Вилфред Цонга, Гаел Монфис, Маркос Багдатис и Лукас Пуиле.

Во женска конкуренција Анжелик Кербер (втора носителка) беше убедлива против Катерине Белис (во квалификациите ја победи нашата Лина Ѓорческа) со 6:1 и 6:1 во сетови. Во осминафиналето во женска конкуренција се пласираа уште: Каролине Вознијачки, Медисон Кејс, Роберта Винчи, Петра Квитова, Џоана Конта, Лесиа Цуренко и Анастасија Севастова.

Денеска се играат и преостанатите мечеви од 3.коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен