Ѓоковиќ и Федерер во третото коло

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во втората рунда го победи Словенецот, Блаж Кавчиќ во три сета 6:0, 6:4, 6:4. Ѓоковиќ експресно го доби првиот сет, но во следните два не бееше така лесно, по 134 минути игра забележа победа.

Пласман во третата рунда избори и Швајцарецот Рожер Федерер. Третиот носител на Ролан Гарос, загуби еден сет во дуелот со Романецот Адријан Унгур, на теренот мина 147 минути за да стигне до победата од 6:3, 6:2, 6:7, 6:3.

Деветиот носител на турнирот Хуан Мартин дел Потро за пласман во третото коло мораше да одигра меч кој траеше три часа и 39 минути. Дел Потро во четири неизвесни сета го победи домашниот тенисер Едуард Роже-Васелин со 6:7, 7:6, 6:4, 6:4.

Второто коло го мина и 21-от фаворит на турнирот, Хрватот Марин Чилиќ. Тој со 7:6, 6:2, 6:3, за 133 минути игра го победи Шпанецот Хуан Карлос Фереро.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино