Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на Литванецот Беранкис му препушти само пет гема, додека Рожер Федерер со Словенецот Грега Земља имаше нешто повеќе работа, но и двата меча завршија со 3:0 во сетови.
Од носителите пласман во втортата рунда изборија Милош Раониќ, Сем Квери, Џон Изнер, Филип Колшрајбер, Томаш Бердих, Томи Хас.
Турнирот заврши за Јиржи Јанович (14. носител), Никола Алмагро (15) и Григор Димитров (25).
Кај жените најголемо изненадување е елиминацијата на шампионката од 2011 Саманта Стосур, која загуби од Викторија Дувал.
Пласман во втората рунда обезбедија: Викторија Азаренка, Сара Ерани, Светлана Кузнецова, Бојана Јовановски.