Ѓоковиќ и Барти први носители на Австралија Опен

Од:

Организаторите на Австралија Опен ги објавија носителите на првиот календарски грен – слем турнир, што идната недела почнува во Мелбурн.

Бранителот на титулата и деветократен победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, го има статусот на прв носител во машка конкуренција. Втор е Русинот Дмитри Медведев, додека трет носител е Германецот Александер Зверев.

Во женска конкуренција, за прва носителка е поставена најдобрата светска тенисерка Ешли Барти од Австралија, за втора Русинката Арина Сабаленко, а за трета Гарбина Мугуруза од Шпанија. Минатогодишната победничка, Јапонската Наоми Осака, е 13. Носителка.

Австралија Опен ќе се одржи од 17 до 30 јануари, а настапот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поради статусот на неговата австралиска виза сè уште е неизвесен.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха