На фјучрсот на Златибор Стефан Мицов не успеа да ја мине првата пречка, загуби од Ѓорѓе Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.
Во изедначен меч првиот сет со 7:5 во гемови му припадна на Ѓоковиќ. Во вториот сет Мицов спаси и меч топка и го доби тај брекот со 8:6. Во решавачкиот сет повторно Ѓоковиќ беше поуспешен од Мицов со 7:5.
Претходно на истиот турнир Томислав Јотовски го победи Арсеније Златановиќ со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2).
Попладнево Шендрит Деари ќе игра против третиот носител Пеџа Крстин, а настап ќе има и Мицов во игра на двојки.