Ѓоковиќ го совлада Димитров за седмиот трофеј на Мастерсот во Париз

Од:

Без разлика дали домашната публика во Париз беше задоволна или не, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Мастерсот во француската престолнина.

Иако никогаш не беше фаворит во Париз, тоа се чини дополнително го мотивираше најдобриот тенисер на сите времиња, кој денеска стигна до јубилејната 40-та титула на Мастерс турнирите.

Ѓоковиќ во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2:0, 6:4, 6:3 по час и 40 минути игра.

Денеска се изгледаше толку лесно од гледна точка на Новак Ѓоковиќ, тој без проблем го задржа својот сервис, стигна до брејк можност и му го одзеде сервисот на ривалот.

Надежите на Димитров брзо ги згасна Ѓоковиќ со доминантна игра на негов сервис и нов брејк што го доведе до уште едно големо славје пред публиката која не му беше наклонета, но мораше да го поздрави нивниот шампион.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Предраг Петровиќ

Новак се откажува од Ролан Гарос

Новак не победува на турнири, а предноста ја зголемува на АТП листата

Предраг Петровиќ