Ѓоковиќ го предаде мечот на Вавринка и нема да го брани трофејот на US Open

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши натпреварот на US Open во осминафиналето, откако рано утрово му го предаде мечот на Швајцарецот Стен Вавринка на почетокот од третиот сет, поради повреда на рамото.

Минатогодишниот освојувач на Грен слемот во Њујорк ги загуби првите два сета со 4:6 и 5:7. Во пресрет на третиот, тој побара лекарска интервенција за повреденото рамо. По 1:2 во третиот сет Србинот реши да го предаде мечот.

Вавринка кој е шампион на турнирот од 2016 година во четвртфиналето ќе игра против Русинот Данил Медведев.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен