Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го декласираше Шпанецот Рафаел Надал во веројатно нивниот последен меч во блескавата кариера на двајцата врвни спортисти, беше 2:0 во сетови.

На париската земјена подлога, каде Рафаел Надал освои вкупно 14 титули на Ролан Гарос, Шпанецот сега го претрпе најтешкиот пораз во својата долгогодишна кариера и покажа дека иако надополни две брејк топки во вториот сет, време е да се пензионира.

Надал долго се мачеше со повреди, дури беше под знак прашалник дали ќе настапи во сингл на Олимписките игри во Париз, на крајот најде сили и го победи Мартон Фучович во првата рунда, но во второто коло Ѓоковиќ беше супериорен и заслужено славеше голема победа.

Веќе во вториот гем од првиот сет Ѓоковиќ му го одзеде сервисот на шпанскиот тенисер, а потоа во четвртиот гем ја искористи третата гем поен и поведе со 4:0.

Продолжението донесе практично идентична игра како во првиот сет, па во првиот гем од вториот сет Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка и поведе со 1:0, но истото сценарио се виде и во третиот гем и тој поведе со 3:0.

Потоа во шестиот гем Надал му го одзеде сервисот на српскиот тенисер и намали на 4:2, а потоа го искористи својот сервис гем за да го подобри впечатокот и да намали на 4:3. Потоа Шпанецот ја искористи втората брејк топка и целосно се врати во вториот сет и го израмни резултатот на 4:4.

После тоа, Ѓоковиќ ја искористи четвртата брејк топка и повторно поведе со 5:4 и влезе во ситуација да сервира за меч, што го искористи и со тоа му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на Надал во Париз. Досега најтешкиот пораз на париската земјена подлога му го нанесе Новак Ѓоковиќ, кој во четвртфиналето на Ролан Гарос во 2015 година го победи со 3:0 во сетови, а Надал освои само девет гема.

Во потрагата по златниот олимписки медал, Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Доминик Копфнер од Германија и Матео Арналди од Италија.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Надал за крајот на кариерата: Нема идеално збогување, отсекогаш сум бил среќен без тенис

А1он

Надал се врати од Саудиска Арабија со 1,5 милиони долари, без да победи никого на турнирот „Six Kings Slem“

А1он

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров