Изнер во четвртфиналето го совлада првиот носител Новак Ѓоковиќ со 7:6, 3:6, 7:5, мечот траеше два часа и 23 минути.
Српскиот тениср во текот на целиот меч немаше одговор за првиот сервис на Изнер, а во финишот со серија грешки му ја подари победата на Американецот.
Изнер во полуфиналето за противник ќе го има Хуан Мартин дел Потро, кој во четвртфиналето го совлада Дмитри Турсунов, исто така во три сета, 6:4, 3:6, 6:1.