Откако мораше да ја напушти земјата поради одбивањето на визата од страна на австралиските власти, Новак Ѓоковиќ допатува во Дубаи, каде нема да остане долго, објавија српските медиуми.
Ѓоковиќ од Мелбурн најпрвин слета во Дубаи, а потоа е виден како се качува во авион кој треба да слета во Белград околу 12:10 часот по наше време, јавуваат белградските медиуми.
По трансферот, српскиот тенисер се качи на авион за Белград, каде ќе пристигне по 11 дена правна битка за настап на Австралија опен.