Ѓоковиќ да ги врати парите од наградниот фонд на Вимблдон

Од:

Новинарот на Вашингтон пост и Гардијан, Бенџамин Батерворт, повторно со напади на Новак Ѓоковиќ, веднаш по финалето.

Тој побара од српскиот тенисер да се откаже од парите што ги заработи на овогодинешниот Вимблдон, каде што триумфираше по седми пат во кариерата.

„Ѓоковиќ не заслужува ниту денар од наградниот фонд на Вимблдон. Ако сите ние донесовме себични одлуки и ја одбиевме вакцината против Ковид како него, тогаш овој турнир немаше да постои. Тој покажа непочитување кон противникот и љубителите на тенисот. Треба да донира два милиони од наградата за добротворни цели, за сите оние кои се борат со корона или семејствата кои изгубиле сакани поради корона.

Поради одлуката да не се вакцинира, Ѓоковиќ речиси сигурно нема да игра на УС Опен. По финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека нема намера да се вакцинира.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи