Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ избори четвртфинале на Грен слемот Ролан Гарос. Србинот денеска го совлада Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 3-1, по сетови 3:6, 6:4, 6:1 и 7:5.
Мечот официјално траеше три часа и 16 минути, но реално се играше два дена поради дождот во Париз и честите прекини.
Следен противник на првиот светски рекет ќе биде подобриот од дуелот Томаш Бердих – Давид Ферер.
Место помеѓу осумте најдобри претходно обезбедија уште и: Алберт Рамос, Стан Вавринка, Енди Мареј и Ришар Гаске.
Турнирот во Париз се игра за награден фонд од 32 милиони евра.