Репрезентацијата на Германија го освои 7. место на СП во Катар и со тоа избори пласман во олимписките квалификации.
Во дуелот за 7. место Германија ја победи Словенија со 30:27, па така сега Словенија ќе ја чека разврската од утрешното финале.
Со исклучок на првото полувреме кога имаат предност Словенците во остатокот од дуелот Германија имаше водство, а на пет минути до крајот беше и 30:24.
Уве Генсајмер со 13 голови беше најефикасен на натпреварот, додека најдобриот стрелец на шампионатот Словенецот Драган Гајич постигна 3 но најверојатно и тие ќе му бидат доволни за освојување на титулата најдобар стрелец.