Германецот Кунц и официјално нов селектор на Турција

Од:

Досегашниот предводник на германската фудбалска репрезентација до 21 година Штефан Кунц денеска официјално е назначен за нов селектор на Турција.

Кунц (58) на турската клупа седнува на местото на Шенол Ѓунеш, кој претходно овој месец замина од должноста по поразот од 6-1 од Холандија во мундијалските квалификации.

Поранешниот напаѓач на германската репрезентација, Кунц, дел од својата фудбалска кариера помина во Турција, настапувајќи за екипата на Бешикташ, а со селекцијата до 21 година на Германија освои две европски титули како тренер (2017, 2021).

Турција во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година во Катар е третопласирана во групата Г со 11 бодови, два помалку од Холандија и Норвешка, против која Кунц ќе дебитира на селекторската позиција на 8 октомври.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска