Пред три години во Србија беше само гледач на мечот кој ни донесе олимписки квалификации против Словенија, а сега очекува реприза од мечот во „Комбанк арена„ во Белград. Гоце Георгиевски со мислите веднаш се фокусира на осминафиналето со Словенија, остварено со одлична колективна партија, пред се во нападот против Австрија.
„Најважна ни беше победата и навистина сум задоволен што ја остваривме нашата цел. Сега, нѐ очекува најголемиот испит против Словенија, која е навистина квалитетна репрезентација, но да размислуваме посериозно на темата осминафинале од утре. Пристапот ни е позитивен на секој натпревар, па така постапивме и денес. Околностите нѝ донесоа да играме со Словенија и се надевам дека за нас ќе се повтори натпреварот од Белград кога ги победивме во борбата за петтото место”, рече авторот на 4 гола, ракометарот на Металург, Гоце Георгиевски.
Извор: Кирил Лазаров 7