Гечевски најдобар кошаркар за 2012

Од:

Според гласовите на медиумите и тренерите на прволигашките екипи во машка и женска конкуренција, избрани се најдобрите во македонската кошарка во 2012 година.

Наградите и признанијата ќе бидат врачени на свечената церемонија која ќе се одржи на 26 декември.

Медиумите во Македонија и тренерите на екипите во Прва Лига Мажи и Прва Лига Жени ги дадоа своите гласови во десетте предложени категории, со што ги одредија најдобрите во кошарката за годината која изминува. Признанијата по категорија ги добиваат:

Најдобар македонски кошаркар за 2012:
Тодор Гечевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Најдобар македонски кошаркар во странство за 2012:
Перо Антиќ (Олимпијакос)

Најдобра македонска кошаркарка за 2012:
Моника Гаврилоска (АЕЛ Лимасол)

Најдобар македонски млад кошаркар за 2012:
Кристијан Николов (Галатасарај)
Андреј Магдевски (Партизан)
(признанието го добиваат двајцата млади кошаркари поради изедначен број на бодови во гласањето).

Најдобра македонска млада кошаркарка за 2012:
Александра Стојановска (Бадел 1862)

Најдобар македонски тренер за 2012:
Александар Тодоров (МЗТ Скопје Аеродром)

Најдобар македонски тренер во женска конкуренција за 2012:
Перо Стамески (Вигор Скопје)

Најдобар македонски младински тренер за 2012:
Бранко Андриевски (Вардар)

Најдобар македонски младински тренер во женска конкуренција за 2012:
Александар Домлевски (Бадел 1862)

Најдобар македонски кошаркарски судија за 2012:
Александар Милојевиќ

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он