Гечевски МВП на 20. коло во АБА лигата

Од:

Центарот на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски е прогласен за најкорисен играч на 20.коло во регионалната кошаркарска АБА лига. Признанието МВП Гечевски го доби по остварените 37 индексни поени на саботниот натпревар против Унион Олимпија во Скопје, а на кој македонскиот претставник загуби со 87:76.

Гечевски го одигра речиси цел натпревар (39.минути) и имаше ефект од 26 поени со 80% успешност, седум скокови, три блокади и освоени топки.

Ова е првпат играч на МЗТ Скопје Аеродром да го добие ова признание.

Зад најдобриот кошаркар на македоснкиот шампион се пласираа: Терико Вајт од Раднички со 31 индексен поен, Франко Каштопил од Задар со 29 индексни поени, Игор Ракочевиќ (Звезда) и Марко Шутало (Широки) со по 27 индексни поени.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он