Тодор Гечевски дефинитивно нема да се врати во кошаркарската репрезентантација на Македонија.
Иако селекторот Пипан беше упорен во идејата тој да настапи на Европското превенство во Словенија.
– Не знам ништо за изјавите на Мерџановски и на Пипан, бидејќи пред само неколку дена се вратив од одмор. Она што го имав, го кажав лани и во текот на целата сезона, кога наидував на прашања за моето враќање во националниот тим. Цврсто стојам на мојата одлука и нема да ја менувам, не бегам од разговор со Пипан и со луѓето од МКФ, но тоа нема да го промени мојот став“ – вели Гечевски за „Нова Македонија“.