Унал Ајсал претседателот на турскиот фудбалски клуб Галатасарај ги потврди информациите дека холандскиот интернационалец Весли Снајдер може да го напушти тимот за соодветно обештетување.
– Во случај да пристигне понуда од 15 милиони евра можно е да го ослободиме Снајдер од обврските кон нас. Ги слушнав гласините за наводен интерес од страна на Мурињо за трансфер на нашиот играч во Челзи, но за сега нема никаква понуда од лондонскиот премиерлигаш, изјави Ајсал.
Во медиумите во Англија, холандскиот репрезентативец беше посочен како едно од првите засилувања кои ги планира Мурињо по неговото враќање во Челзи.
Снајдер има важечки договор со Галатасарај до 2016 година. Неговата годишна плата е пет милиони евра, а за неговиот трансфер од Интер, турскиот клуб плати седум и пол милиони евра.