Македонската ракометна репрезентативка Ивана Гакидова (22) во новата сезона ќе го носи дресот на француската екипа Стразбур.
Тоа е тим кој се натпреварува во Првата Н1 дивизија или втората по ранг лига во Франција.
Гакидова која настапува на позицијата пикер потпиша договор на една година со можност за продолжување на уште една.
– Ја сакам Франција како земја, бидејќи се инвестира во ракометот. Сакам, исто така нови предизвици, а упрвата на клубот подготвува голем проект за во иднина, тоа е причината зошто сум тука. Сакам да помогнам на клубот и да бидам успешна, изјави Гакидова.
Гакидова потекнува од школата на Металург, а низ кариерата настапуваше и за Вардар, Баник Мост (Чешка), Молде (Норвешка).