Гајич на чекор до титулата најдобар стрелец, Лихтлајн со најмногу одбрани

Од:

Словенечкиот репрезентативец Драган Гајич е на чекор до освојување на признанието најдобар стрелец на Светското ракометно првенство во Катар.

Тој вчера на дуелот со Данска постигна 12 гола и сега е лидер со 68, а на втората позиција е Жарко Марковиќ од Катар со 60. Салинас од Чиле е на третата позиција со 52. Кирил Лазаров е веднаш зад него со 45, со тоа што македонскиот капитен, за разлика од конкурентите, одигра најмалку натпревари (шест), а можно е и уште неколку играчи по денешните и утрешните натпревари да го минат во оваа статистичка категорија.

Во конкуренција на асистенции, Данецот Михаел Хансен е со 46, пред Раул Ентрериос со 29, Лазаров и Сергеј Рутенка имаат по 28.

Марковиќ е прв по бројот на голови и асистенции, има вкупно 82 (60+22).

Хасан Мабрук од Катар е прв на листата на играчи со украдени топки- вкупно 13, додека Шпанците Гедеон Гвардиола и Виран Морос имаат по 13 блокади.
Германскиот голман Карстен Лихтлајн има најдобар процент одбранети удари 39 % (56/145).

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ