Македонската футсал репрезентација денес ги започна подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство против Босна и Херцеговина и Романија.
Селекторот Васко Скендеровски за овие средби одлучи да ја подмлади репрезентацијата.
– Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток. Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година. Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност, изјави Скендеровски.
Средбата со Босна и Херцеговина е закажана за 28 јануари во Зеница, со Романија на 3 февруари на домашен терен.