Футсал репрезентацијата на Унгарија попладнево ја совлада Швајцарија со 8:2 и со четири бодови го завршува настапот во групата за евро-квалификациите која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Унгарците имаат гол-разлика 11-10 и се во подобра ситуација за освојување на второто место во однос на Македонија која вечерва игра со апсолутниот фаворит Шпанија.
„Црвено-жолтите“ за да обезбедат сигурен бараж ќе мора да направат подвиг и да останат непоразени со големиот противник.
Постои шанса и како третопласиран да се оди во баражот, но тоа ќе зависи од резултатите во другите шест групи кои се играат ширум Европа.