Футсал: Тежок пораз за Македонија, Србија нè прегази со 6:1 во Скопје

Од:

Македонската футсал репрезентација значително ги намали шансите за пласман на Европското првенство, откако вечерва загуби на домашен терен од Србија со 6:1.

Македонскиот состав делуваше компактно до средина на првото полувреме и дојде во водство по девет минути и 15 секунди игра преку Таулант Исмаили по асистенција на Миодраг Петровиќ.

Само 16 секунди подоцна Србија го израмни резултатот преку Марко Пршиќ од пенал, а гостите стигнаа до целосен резултатски пресврт во 13 минута со автоголот на Петровиќ.

Двата несреќни голови во мрежата на Антонио Петровски ја разнишаа психолошката стабилност во македонските редови, што српската репрезентација го искористи за да дојде до убедлива предност од 4:1 до полувремето преку Страхиња Петров (15) и Јовица Лазаревиќ (16).

Српската репрезентација ја завери победа со головите на Драган Томиќ (30) и Стефан Ракиќ (36).

По четири изиграни натпревари во квалификациската група 4, македонската репрезентација е последнопласирана со два бода, зад Романија (два бода), Србија (5) и лидерот БиХ (9).

Во претпоследниот натпревар во евроквалификациите, избраниците на Васил Скендеровски на 8 април во Скопје ќе ја пречекаат репрезентацијата на БиХ.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска