Повеќекратниот европски шампион во футсал Шпанија во март 2015 година ќе биде еден од ривалите на Македонија во групата 2 од втората фаза од квалификациите за Европското првенство во Србија 2016 година.
Покрај селекцијата на Шпанија, противник на Македонија ќе биде и Унгарија, како и најдобро второпласираната селекција од првата фаза од квалификациите.
Македонија е домаќин на групата, која ќе се игра во терминот од 17 до 22 март 2015 година.
Победниците на седумте групи ќе се пласираат на ЕП, а второпласираните и најдобрата трета селекција од сите групи ќе разигруваат во бараж дуели (15 и 22.септември 2015 година). Домаќинот Србија е директен учесник на шампионатот.
Инаку, Шпанија има шест титули европски шампион и две титули светски првак.
Титулата европски шампион ќе ја брани Италија, а во квалификациите ќе стартуваат вкупно 46 репрезентации.