Македонската футсал репрезентација синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Франција со 2:1 во првиот од двата предвидени меѓусебни контролни натпревара.
Франција дојде во водство во 14. минута од натпреварот со голот на Абдесамад, а Македонија пропушти неколку шанси во првото полувреме, најдобрата ја имаше Агуши.
Во вториот дел многу подобра игра на нашата селекција која успеа да го израмни резултатот во 23. минута преку Петровиќ. Во самата завршница голманот Антонио Петровски се обиде да фрли контра, но не се разбра добр со Левески, таа топка ја пресече Аздине и успеа да постигне гол за победа од 2:1.
За Македонија на овој дуел настапија: Антонио Петровски, Влатко Петровски, Зоран Левески, Ферид Агуши, Трајче Трајков, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Дарко Ранготов, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров и Иван Крстевски.
Утре во спортската сала во Велес двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар во рамките на подготовките за претстојните квалификации за евро-шампионатот.