Футсал репрезентацијата на Македонија ќе одигра три натпревари со Хрватска

Од:

Македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни натпревари со репрезентацијата на Хрватска. Два дуела ќе се играат во спортска сала „Гемиџии“ во Велес на 24.март и на 26.март со почеток во 19 часот, додека во терминот од 17 часот на 25.март ќе се одигра дуелот спортскиот центар „Форца“ во Скопје, кој ќе биде од затворен тип.

Натпреварите ќе бидат искористени како „тест“ дуели за квалификациите што ги има футсал селекцијата на Македонија во Алмати (Казахстан) од 4. до 11. април. Македонија е во група со една од најдобрите футсал репрезентации во Европа, домаќинот Казахстан, а ќе настапат уште и Чешка и Данска.

На списокот на селекторот Иван Божовиќ за овие три натпревари се повикани следните фудбалери: Антонио Петровски, Илчо Удовалиев, Влатко Петровски, Леонид Ристановски, Зоран Левески, Ферид Агуши, Даниел Де Соуза, Игор Леовски, Мартин Тодоровски, Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Адријан Мицевски, Садат Зибери, Александар Глигоров, Иван Крстевски и Еркан Сефари.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска