Македонската футсал репрезентација договори две тест средби во Водице против домашната репрезентацијата на Хрватска. Првиот дуел е закажан за 12 мај, а ден подоцна ќе се одигра и вториот натпревар, информираат од ФФМ.
Пресметките против една од најдобрите Европски футсал селекции се дел од планот на селекторот на нашата репрезентација, Васко Скендеровски за квалитетни подготовки пред квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Србија.
Во следните неколку денови Скендеровски ќе го објави списокот на играчи кои ќе и се спротивстават на Хрватска во Водице.
На последните два контролни натпревари, Македонија запиша пораз и реми против Србија во Белград.