Футсал: Македонија закажа два контролни натпревара со Босна и Херцеговина

Од:

Футсал репрезентацијата на Македонија на 23 и 25 март на гостински терен ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Контролните пресметки ќе бидат одиграни во Зеница и Жебче.

Слекторот на македонската репрезентација, Иван Божовиќ ги повика следните играчи за овој пријателски двомеч:

Голмани: Антонио Петровски (Железарец), Влатко Петровски (Велес);

Одбрана: Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуси (Железарец), Трајче Трајков (Велес);

Напад: Даниел Де Соуза (Железарец), Игор Леовски (Железарец), Мартин Мехмединовиќ (Црна Река), Дарко Ранготов (Железарец), Драган Петровиќ (Железарец), Садат Зибери (Динамо, Хрватска), Џо Арсовски (Врање, Србија), Иван Крстевски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи 1927).

Предводникот на „црвено-жолтите“ очекува позитивни резултати во периодот што следува.

– Започнуваме еден нов циклус на натпревари во кој се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати. Воедно ова се првите подготовки пред квалификацискиот циклус кој не очекува за пласман на Европското првенство во Словенија. Списокот на играч е проширен, шанса добија фудбалери кои биле претходно дел од репрезентацијата, како и играчите на Железарец кои претставуваат основа на оваа селекција, изјави Божовиќ.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска