Футсал: Македонија домаќин на Црна Гора

Од:

Македонската А футсал репрезентација денеска во 18 часот во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ го игра првиот од двата контролни натпревари со најдобрата селекција на Црна Гора.

Натпреварите за македонската репрезентација се дел од подготовките за мартовските квалификации за пласман на Европското првенство.

Еден од нашите влијателни играчи, Дарко Ранготов вели дека контролните натпревари се важни за селекцијата, посебно добрите резултати кои ја зголемуваат самодовербата и даваат јасна слика за потенцијалот на македонскиот состав.

– Нашата цел на двата натпревари против Црна Гора е победа. Максимално сериозно го сфаќаме секој повик во репрезентацијата, на тој начин се однесуваме на подготовките и на натпреварите. Позитивните резултати на претходните неколку натпревари ја потврдуваат добрата работа во футсал тимот. Црна Гора е цврста репрезентација, со неколкумина од црногорските играчи се познаваме од настапите во Лигата на шампионите, иако ние влегуваме како фаворити, нема да се предадат лесно, изјави Дарко Ранготов.

Влезот за овој натпревар е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска