Богатиот ден со активности на македонските фудбалери ќе го заокружат репрезентативците во фудсал. Имено, покрај настапите на најдобрата и младинската репрезентација, денеска и футсал селекцијата на Македонија ќе одигра контролен меѓудржавен натпревар.
Македонската репрезентација вечерва од 19 часот во салата „Гемиџии“ во Велес ќе го игра првиот од трите контролни натпревари против соодветната репрезентацијата на Хрватска. И вториот меч закажан за 26 март ќе се игра во Велес, додека утре во терминот од 17 часот ќе се одигра дуелот во спортскиот центар „Форца“ во Скопје, кој пак ќе биде од затворен тип.
Натпреварите ќе бидат искористени како „тест“ за квалификациите кои нашата футсал селекцијата ќе ги игра во Алмати (Казахстан) од 4 до 11 април.
Покрај една од најдобрите футсал репрезентации во Европа, домаќинот Казахстан и нашиот национален тим на квалификацискиот турнир ќе настапат уште Чешка и Данска.