Фудбалските стадиони во Шпанија од петок со полн капацитет

Од:

Фудбалските натпревари во Шпанија од петок повторно би требало да се играат пред 100-процентна исполнетост на трибините, објави шпанското Министерство за здравство.

Одлуката доаѓа по денешниот состанок на здравствените власти со седумнаесет автономни покраини на кој едногласно е договорено проширување на капацитетот од сегашните 60 отсто.

Шпанија во март 2020 година целосно ги затвори стадионите и спортските сали поради пандемијата на коронавирус која во земјата со 47 милиони жители зарази 4.9 милиони луѓе и однесе 86.000 животи.

Почетокот на новата сезона дозволи делумно враќање на гледачите со задолжително носење заштитни маски на лицата и одржување растојание меѓу посетителите.

Во Шпанија заклучно со денеска комплетно се вакцинирано 76.9 отсто од населението што овозможи дополнително олеснување на мерките.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени