Фудбалската легенда Блaгој Истатов испратен со аплауз во вечното почивалиште

Од:

Со долготраен и громогласен аплауз фудбалската легенда Благој Истатов беше испратен во вечното почивалиште на денешната комеморација што се одржа во Струмица.

Членови на семејството, претставници на Владата на РМ, пријатели, спортски работници, поранeшни фудбалери и граѓани на Струмица се простија од прославениот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и холандски Утрехт, како и тренер на повеќе клубови и на голманите на македонската репрезентација, кој почина вчера во 71 година од животот.

За ликот и делото на Благој Истатов на комеморацијата зборуваа: Томе Семенков – негов другар од Струмица и поранешен фудбалер, Васил Тупурковски – претседател на Македонскиот олимписки комитет, Ѓоко Хаџиевски – тренер и поранешен селектор на репрезентацијата, Бошко Трпевски – спортски новинар и сопственикот на ФК Беласица – Славчо Васков-Пинда.

Во своето обраќање претседателот на МОК, Васил Тупурковски, истакна дека Истатов беше член на Собранието на МОК и беше еден од вистинските асови на македонскиот спорт.

– Тој беше извонреден спортист и спортски ас. Нашите срца се хранат кога ќе кажеме дека некој од Македонија бил спортски ас на светската спортска сцена. Денеска тоа е многу ретко, а порано беше повозможно и затоа живееме со идеа дека ќе се роди некој нов што ќе го направи тоа што го направи Благој низ сите спортски меридијани, рече претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Благој Истатов ќе биде погребан попладнево на Градските гробишта во Струмица.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење