Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала ќе отсуствува најмалку 10 дена поради повреда на адукторот, поради која нема да може да настапи за аргентинската репрезентација на следните два пријателски натпревари.
Како што објави аргентинскиот спортски дневен весник „Диарио Оле“, Дибала (30) се повреди во петокот на тренингот на Рома и нема да биде дел од тимот за утрешниот натпревар против Сасуоло во 29. коло од Серија А.
Аргентина игра два пријателски натпревари, на 22 март против Ел Салвадор и на 26 март против Костарика. Дибала ќе ги прескокне двата натпревари, а според информациите би можел да биде подготвен за натпреварот од 30. коло во Серија А и гостувањето кај Лече кое е закажано за 1 април.