Дибала посакува трансфер во Рома

Од:

Пауло Дибало ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната. Се уште не се знае во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а во тој контекст се поврзува со Арсенал, Њукасл, Атлетико Мадрид и Интер. Според Кориере дело Спорт“, во моментов е најблиску до една опција, која досега не е спомната. Се работи за Рома.

Жозе Мурињо, тренерот на „волчицата“, разговарал со аргентинскиот фудбалер во текот на зимата и му рекол дека многу би сакал да го види во својот тим.

Менаџерот на Дибала требало да оди на последната рунда преговори со раководството на клубот, но поради поразот на Рома од Фиорентина, последната рунда на преговорите била одложена.

Имено, клубот од главниот град на Италија се уште нема обезбедено пласман во европските купови за следната сезона.

На Дибала му се допаѓа идејата да работи со Мурињо, а Италијанците пишуваат дека е воодушевен и од атмосферата на натпреварите на Рома. Исто така, неговиот менаџер сметал дека најдобро за Дибала е да остане во Серија А.

Би можело да ве интересира

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала е надвор од терените 10 дена поради повреда на мускулот

Горан Наумовски

Дибала сè уште чека на нов договор

А1он

Дибала се договори со Јувентус

А1он

Јувентус може да го продаде Дибала за 90-100 милиони евра за да купи нови играчи

А1он

Сари: Тешко е играчи како Дибала и Роналдо да бидат на терен во исто време

А1он

Дибала и по 40 дена позитивен на коронавирус

Ана Ололовска